Во „Дрекслмаер“ ќе се вработат 4.500 лица

Bez autora
Mar 19 2014

До крајот на оваа недела бројот на вработени во германската фабрика „Дрекслмаер“ во Кавадарци ќе достигне 4.000, а за кратко време овде ќе бидат вработени 4.500 лица, не само од овој град туку и од регионот, информира заменик-претседателот на Владата и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, при денешната посета на фабриката, заедно со министерот за странски инвестиции Веле Самак. Тие се запознаа со тековните и натамошните инвестициски планови на компанијата. На средбата со високи претставници на оваа фирма, предводени од Карл Валнер, член на одборот на директори на групацијата, беше искажано задоволство од деловното опкружување и се нагласи позитивната бизнис-клима во Македонија.

Во „Дрекслмаер“ ќе се вработат 4.500 лица„До крајот на оваа недела бројот на вработени во германската фабрика „Дрекслмаер“ во Кавадарци ќе достигне 4.000, а за кратко време овде ќе бидат вработени 4.500 лица, не само од овој град туку и од регионот“, информира заменик-претседателот на Владата и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, при денешната посета на фабриката, заедно со министерот за странски инвестиции Веле Самак.

Тие се запознаа со тековните и натамошните инвестициски планови на компанијата. На средбата со високи претставници на оваа фирма, предводени од Карл Валнер, член на одборот на директори на групацијата, беше искажано задоволство од деловното опкружување и се нагласи позитивната бизнис-клима во Македонија.

„Задоволен сум од она што го видов овде и начинот на кој се работи, од вработените од кои има и мажи и жени. Имаме огромна поддршка од надлежните, откако претходно ни овозможија да инвестираме во Македонија. Се надевам дека вака добро ќе биде и во иднина“ рече Валнер.

„Еден од проектите со кои се гордее оваа Влада е носењето на ’Дрекслмаер’. Станува збор за инвестиција од над 50 милиони евра. Дел е инвестиција на таа компанија, дел на наши добавувачи. Оваа фабрика претставува голем чекор во намалувањето на невработеноста во целиот овој регион, бидејќи вработените не се само од Кавадарци, туку и од Велес и Валандово, а следната недела ќе се вработат и првите 200 лица од Прилеп“, рече Пешевски.

Според министерот Самак, германската „Дрекслмаер“ има стратешко значење, бидејќи е моментално најголемата новоизградена фабрика во земјава.

„Фабриката се простира на 50.000 квадратни метри. Изградена е од домашна фирма и има речиси 4.000 вработени. Оттука, од оваа производна линија, во Германија се доставуваат делови за новиот модел на ’Мерцедес’ од Ц-класа. Владата е задоволна од динамиката на оваа инвестиција“, рече Самак.

Агенцијата за вработување директно соработува со оваа германска компанија. Како што нагласи директорот Влатко Поповски, тие се трудат да го изнајдат најсоодветниот кадар за фабриката.

„Дрекслмаер“ е германска компанија од автомобилската индустрија, која вработува околу 40.000 лица во повеќе од 21 земја во светот. Со своите 56 капацитети низ светот, произведува електронска опрема и кабелски инсталации, елегантен ентериер, електрични и електронски компоненти за најголемите производители на автомобили, како БМВ, „Ауди“, „Мерцедес“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik